Скопје

(ВИДЕО) Како помина првиот градоначалнички ден на Стојкоски: имаше време за граѓаните, но и вработените

Од состанок со сите вработени, до средба со граѓани и советници. Вака течеше првиот градоначалнички ден на Александар Стојкоски од Ѓорче Петров. На средбите тој бараше да му бидат кажани сите проблеми на администрацијата, но и да посочи, дека нема да дозволи да има реваншизам како порано, туку ќе бара ефективно и брзо работење.

„Прво со вас, моите ѓорчепетровци, а потоа и на средба со вработените во Ѓорче Петров. Заедничка цел е да имаме најдобра општина во Македонија. Со работа, заедно со нив, почнуваме веднаш – нема повеќе чекање за решавање на проблемите! На административците јасно им укажав дека од нив ќе барам брзо и ефективно работење, бидејќи вие тоа го барате од нас. Сакам задоволни граѓани, а тоа ќе биде заедничка цел, моја и на вработените! Но и задоволни вработени, бидејќи тоа е клучот на успехот“, рече Стојкоски.

Тој имаше средба и со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои освоја мнозинство во Советот на Ѓорче Петров.

„Советот на Ѓорче Петров во најскоро време ќе започне со работа, за вас, граѓаните! На првиот работен ден се сретнав со советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Во ветувањата кон вас бевме реални, па за тоа да се реализира, треба да ги поставиме работите на правилна основа. Посочив и дека нема да има реваншизам или селекции кон вработените, како што тоа било случај во минатото. Не сум таков човек. Но, ќе барам одговорност и отчетност, тоа што и вие како граѓани го барате од нас“, кажа Стојкоски.

На почеток