Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во северозападните делови од државата со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
„Забрани за сообраќај за тешки товарни возила се воведени на патните правци крак Маврово – Дебар во 17.25ч и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во 17.35ч.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка од 20.00ч се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси. За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонија пат.
Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.