Петар Георгиевски Камиказа преку статус на Фејсбук ја поздравува ВМРО-ДПМНЕ која го откри скандалот поврзан со дочекот на новата 2020 година, но открива и други работи поврзани со таа Нова година.
-Eеее,јас ова го верглав цела една година,но сепак браво за објавеното. Ако го додадете Винтерленд и осветлувањето на Скопје за таа нова 2020, сумата ближи скоро 1.000.000 евра, кој Шилегов ги потроши,ко да се негови,а не пари на граѓаните. Меѓу главните е Здравко Кочишки od “Dvd pet”кој ги има добиено сите 41 тендер во вредност од преку 1.500.000 евра, а сите други фирми: (O), По објавеното,истиот ја растура фирмата на две нови, Двд Плус и Двд рентал,за да ја затшка целата работа, па со нив во време на ковид,кога пола од компаниите од нашата дејност се затворија,овие две добија нови милионски суми,и се разбира повторно сите тендери со : МКЦ,УНИВЕРЗАЛНА САЛА,МОБ,ФИЛХАРМОНИЈА,СКОПСКО ЛЕТО,ОХРИДСКО ЛЕТО,МАК ФЕСТ,ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА,како и многу други поситни тендерчиња.Значи ,едноставно ,овие две се,а сите други О !!!По овие локални избори многу работи ќе станат појасни!!!!!Македонија вечна, стои во неговиот пост на Фејсбук.