Македонија

Можно е да одговараат и родителите на Васил: кој го купил возилото, како стигнало во негови раце, кој плаќал нафта

Обвинителството испитува кој му го купил возилото на Васил Јованов со кое на пешачки премин на усмрти 22-годишната Фросина Кулакова. Ова се прави со цел да се провери дали и колку помош добивал од неговите родители, кои би можеле да бидат осомничени во постапката. Доколку се утврди дека тие му помогнале, со тоа што иако немал возачка, му дале возило или пари за да може да го управува, би можело да се утврди одговорност.

„Евентуално ако може да се стават тие дејствија во насока да му се става општо опасно средство со кое е извршено кривичното дело, тоа би подлегнало на некаква одговорност“, вели шефот на скопското Јавно обвинителство, Гаврил Бувевски за „Телма“.

Тој кажа дека сега се е во рацете на полицијата која треба да утврди како Јованов дошол до автомобилот, од кого го купил и на кого е запишана сопственоста. Бубевски рече дека не знае кои факти ќе произлезат од испитувањето на тоа како возилото стигнало во рацете на Васил Јованов – од аспект дека можеби е доброволно дадено, а можеби и го земал без знаење на родителите.

„Тоа сѐ треба да се испита. Возилото е на име на таткото. Доказниот материјал треба да го прибави МВР, а може и тие да направат анализа. Тие добија наредба од обвинителот што постапува“, вели Бубевски.

На почеток