Македонија

Светски Ден на борбата со ракот

Денеска се обележува 4 февруари, денот на борбата против ракот.

Податоците се застрашувачки.Според последните податоци, годишно од рак умираат над 10 милиони луѓе во светот додека 40% од случаите би можеле да бидат превенирани. Затоа многу е важна превенцијата и раното откривање.

СЗО алармира, до 2050 година бројот на новодијагностицирани случаи на рак ќе се зголеми за 77 отсто.Светската здравствена организација проценува дека секој петти човек во светот ќе заболи од рак, додека еден од девет мажи и една од 12 жени ќе умре од некоја форма на малигна болест.Ракот на белите дробови, дојката и дебелото црево се водечки локации на рак во однос на инциденцата и смртноста. Ракот на белите дробови е најчесто дијагностициран малигнен тумор и сочинува 12,4 отсто од сите нови случаи на рак и 18,7 отсто од сите смртни случаи од рак кај двата пола.

Кај жените, најчесто дијагностициран малигнен тумор по ракот на белите дробови е ракот на дојката, кој сочинува 11,6 отсто од сите новодијагностицирани случаи.

Нашата земја се соочува со сериозни предизвици во превенцијата и лечењето на овие пациенти: недостаток на терапија и персонал, лекови.

На почеток