Македонија

(ФОТО)Болни од рак на Фејсбук бараат терапија

Новинарката Сашка Цветковска на социјалните мрежи објави фотографија на која лица болни од рак бараат терапија на социјалните мрежи.

„Ве молам сите доколку некој ја има оваа хемотерапија нека ме контактира. Хитно е потребна. Пишано е и во групата Канцер победници но ја нема“, пишува член на групата Женски домаќински муабети.

„Болните од рак на социјални мрежи бараат терапија! Има ли ронка одговорност и совест кај оваа тендерашка мафија во здравството?! Не знам како да се коментира ваков општествен колапс, пораз, срам…“, пишува Цветковска.

И пациентите со цистична фиброза се оставени сами на себе. Исто така бараат итна терапија. Протестираа и пред Министерството за здравство, но до денес никој не презеде ништо.

На почеток