Македонија

Нападнат системот: Министерството за здравство апелира вакцинираните да извадат нови потврди

Министерството за здравство вчера соопшти дека во текот на завчерашниот ден, граѓаните кои имаат генерирано ЕУ сертификат за вакцинација преку vakcinacija.mk , треба да генерираат нов преку веб-порталот. Станува збор за безбедносен протокол за да се спречи користење на лажни ЕУ сертификати, со лажни имиња и лажни податоци.

Сите земји што имплементирале EUDCC , како што се посочува, се соочуваат со постојани напади на нивните системи од трети, малициозни страни. Меѓу нив е и Република Македонија.

Како дел од ваков напад на систем, завчера трети страни успеале да изгенерираат четири лажни EУ сертификати, со лажни имиња и лажни лични податоци, а на сертификатот пишувало дека истите примиле вакцина во Македонија.

Со цел поништување на лажните сертификати и обезбедување на зголемена заштита, ЕУ сертификатите на граѓаните на Република Македонија се одново генерирани. Секој граѓанин може на многу едноставен начин, за помалку од една минута, да го преземе својот личен EУ сертификат преку пристап на порталот vakcinacija.mk, посочуваат од Министерството за здравство.

 

На почеток