Македонија

Дрога, сообраќајки, лица со тешки повреди, мигранти – полицијата постапувала во десетина случаи

На 29.10.2021 во 19,00 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода А.Н.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.10.2021 во 00,40 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Кисела Вода го лишиле од слобода Ј.П.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 30.10.2021 во 00,30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода Д.Д.(25) од Неготино затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 28.10.2021 во 22,35 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, од полициски службеници од ОВР-Кичево бил лишен од слобода Д.П.(23) од Кичево кој бил со патничко моторно возило „киа пиканто“ со охридски регистарски ознаки, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 29.10.2021 во 09,25 часот било пријавено дека во Кочани, на крстосница со кружен тек од ул.„Т.Паунов“ и ул.„Македонска“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „тојота“ со кочански регистарски ознаки управувано од Ј.М.(53) од Кочани и мопед „хонда“ со штипски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Кочани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во ЈЗУ-Кочани. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Полициската станица Кочани.

На 29.10.2021 во 19,30 часот било пријавено дека на ул.„6“ во с.Стајковци–скопско, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Џ.И.(47) од с.Батинци удрило во велосипед управуван од Д.К.(71) од с.Стајковци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

На 29.10.2021 во 13,30 часот било пријавено дека во Струмица на ул.“24-ти Октомври“ патничко моторно возило “џип“ со струмички регистарски ознаки, управуванo од Б.М.(29) од Струмица удрило во пешакот Л.М.(70) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М. констатирани во Медицинскиот центар во Струмица. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

На 29.10.2021 во 14,00 часот во Полициската станица Бит Пазар Е.К.(30) од Скопје пријавил дека на ул.“Ферид Мурати“ бил каснат од куче скитник.

На 29.10.2021 во 22,00 часот на наплатна рампа Смоквица од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица бил лишен од слобода Б.Б.(50) од Куманово, затоа што при контрола на патничко моторно возило “пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки биле пронајдени четири лица-мигранти од Куба. Тие биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот против Б.Б. ќе биде поднесена соодветен поднесок.

На почеток