Македонија

Објавено како тече гласањето ден пред изборите: 5.588 гласаат дома, 376 во карантин, 1.409 во затвор

376 лица кои се во карантин ќе гласаат во вториот круг на локалните избори, соопшти Државната изборна комисија. 1598 набљудувачи од кои 368 странски ќе го набљудуваат процесот на гласање во текот на утрешниот ден.

„Право на глас на локалните избори се 1.353.990 гласачи. Своето право на глас ден пред изборите можат да го остварат 7.645 гласачи. На местата во 14 казнено-поправни установи своето право на глас можат да го остварат 1.409 гласачи“, кажа ДИК.

До сега, гласањето во застворите тече без проблеми. Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 5.588 граѓани кои се пријавиле.

На почеток