До 17 часот 42,85 проценти од гласачите излегле на гласање. Најмногу има во Вевчани, Конче, Ранковце, Пробиштип, Печхево, Дебар и други. Срај и Шуто Оризари имаат најмала излезност.
Аеродром 42,37 проценти, во Бутел 26,65 проценти, во Гази Баба 38,18 проценти, во Ѓорче Петров 40,75 проценти, во Карпош 47,05 проценти.
Сите избирачки места се отворени од избирачките одбори и процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено. Рано утринава во 7 часот беа отворени гласачките места во 44 општини од вториот круг на локалните избори. Се бираат градоначалници, а право на глас имаат 1.353.990 избирачи.
Членовите на избирачките одбори добија инструкции читањето на прстите да се одвива според следниот редослед: Прво се чита показалецот од едната рака, доколку уредот не го препознава, тогаш следи обид со показалецот од другата рака. Доколку и во тој случај уредот не може да го исчита гласачот, се вметнува личната карта. Како последен обид, се оди со рачно вметнување на единствениот матичен број на граѓанинот.
RELATED ITEMS:ТОП
ВО ЖИВО: ИЗБОРНИ РЕЗУЛТАТИ И ИЗЛЕЗНОСТ