Коментари

Не ја чекајте оставката на Заев, неа ДУИ планираат да ја влечкаат до нова година, порача Крмов од Левица

„Какво е чуството да си најомилениот премиер на политичката партија која произлезе од УЧК? Не ја чекајте оставката на Заев, неа ДУИ (подржани од структури на СДС) планираат да ја влечкаат до нова година, ако не и подолго. Носењето на буџетот веќе се користи како изговор, иако двете работи немаат врска една со друга“, пишува пратеникот на Левица, Борислав Крмов.

„Посебно ДУИ не сакаат да го изгубат Заев по никоја цена, бидејќи таков политичар „трговец поединец“, кој е спремен да тргува со СЕ и да продаде СЕ, кој им ги даде најбитните ресори во државата и со врзаните потписи практично ги направи власт ,тешко дека пак ќе најдат. Оставката и денес не е доставена до Собранието, а народот чека.. #ОставкатаДаЈаВидиме #СоЉубовОдУЧК“, додава тој.

На почеток