Од кабинетот на претседателот на Владата велат дека не е точно дека планот на премиерот е да ја одолжува оставката до декември.
„Оставката е јасен чин на преземање одговорност“, велат од кабинетот на Заев.
Како што посочуваат, во тек се консултации преку кои органите на партијата, како и коалициските партнери, со целосна поддршка од премиерот Заев, работат на решенија и одлуки со кои парламентарното мнозинство се одржува стабилно, а со цел обезбедување Влада што го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата.