Актуелно

7.275 активни случаи на ковид-19, најголем дел во Скопје

Бројот на активни случаи на заразени со коронавирус во државата изнесува 7.275 од кои најголем број 3.508 се во Скопје.

Во Куманово има 424 активни случаи, Битола – 358, Прилеп – 336, Велес – 335, во Кавадарци – 281, Штип – 236, Кочани – 198, Охрид – 191, во Тетово 170.

Министерството за здравство вчера соопшти дека од 1.323 основци и средношколци досега опфатени со скринингот за откривање Ковид-19 во училиштата, вирусот бил потврден кај шест ученици во основното образование, а 1317 ученици биле негативни на тестот. Тестирани се 725 основци од прво до деветто одделение и 598 средношколци од подрачјето на Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид.

На почеток