Осудениот Александар Василевски-Нинџа два месеци користи слободни викенди, поради примерно однесување. Фотографија на социјалните мрежи, додека е тој излезен во угостителски објект веќе се шири на социјалните мрежи. Василевски може да добие викенд на слобода после одлежана една третина од казната, а тој според Управата за извршување санкции веќе одлежал 3 години и 8 месеци од 7 годишната затворска казна. Оттаму претходно кажаа, дека Нинџа веќе би имал право да побара и условен отпуст од затворот оти таа погодност ја имаат затворениците со одлежана пола казна.
Нинџа наместо во затвор на кафе, го пушиле на викенд омилениот сведок на Русковска! @InfomaxMk @ExpresMK @KurirMK @RepublikaEng @lider107_4fm pic.twitter.com/YuCfapeS30
— Charles Boycott (@JohnnyParka) November 5, 2021
Алескандар Василевски попознат под прекарот Нинџа беше ocyден за настаните на 27 април со најниска казна од само 8 години.
Неофицијално причината за ниската казна е што Нинџа неочекувано сведочеше против одредени лица од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и прстот за тоа кој ги организирал протестите за “Заедничка Македонија” го впери кон одредени лица како поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска, Митко Чавков и други.
Претходно Зоран Милевски Кичеец осуден за случајот „Рекет“ кој беше ослободен од затвор поради здравствени причини усмрти едно лице во сообраќајна несреќа кај превојот Стража.