Љупчо Јаневски, кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров кој ги изгуби изборите, информираше дека денеска во населбата Хром во месноста викана Јурија, општинската организација на Демократската Обнова на Македонија – ДОМ од Ѓорче, дел од членовите започнаа со реализација на програмските цели кои беа преставени во програмата за локалните избори 2021 година.
„Засадени се садници од зимзелени Туи и исчистен е просторот на Јурија во Хром за кое ќе се започне иницијатива да прерасне во модерен парк, а истата многу брзо ќе биде предадена на локалната самоуправа и градоначалникот на Ѓорче Петров.
Во програмата се обврзавме во населбата Ѓорче да посадиме 10.000 дрва со цел да се разбудат ѓорчепетровци и заедно да ја изградиме првата зелена општина во градот Скопје. Оваа есен се планираат на повеќе локации да има еко акции за чистење, поправка на урбаната опрема и засадување на повеќе од 1000 дрва и зазеленување на простори кои се долго време заборавени од општинските власти истакна ген. сек д-р Љупчо Јаневски.
Акциите продолжуваат и во следните денови на членовите на ООДОМ – Ѓорче Петров и поддржувачите на програмата за зазеленување и градење на модерна општина со која сите ќе се гордееме“, велат од партијата.