Централниот одбор на СДСМ ќе одржи седница вечерва во 20 часот, информираат од партијата.
Од СДСМ во изминатите денови посочуваа дека се водат секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамките на највисокото партиско раководство.
На вечерашната седница се очекува теми да бидат најавената оставка на премиерот и лидер на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, анализа на изборните резултати и последните случувања на политичката сцена по поднесената иницијатива за доверба на Владата.
За заклучоците и одлуките на Централниот одбор, партијата ќе ја информира јавноста по завршувањето на седницата