Македонија

Што се зборува на состанокот во СДСМ, пред гласањето недоверба

Треба да се спремиме за четврток. Пред нас се големи предизвици за кои сметам дека денеска ќе расправаме и ќе видиме кое е најдоброто решение, изјави потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи пред состанокот на највисоките тела на партијата.

Тој смета дека оставката на премиерот Зоран Заев е демократски чин и „мораме да се навикнеме на такви нешта“.

-Не значи дека премиерот не ни треба. Заев во моментов е потребен за општеството и владеењето во државата. Не знам дали денес ќе расправаме за неговата оставка. Тема на разговор треба да ни биде енергетската и економската криза, пандемијата и севкупниот предизвик на државата. Не бегаме од одговорност, потенцира Битиќи пред седиштето на СДСМ на „Бихаќка“.

На почеток