Двокатна зграда полна со клиенти и посетители на ресторани се урна денеска во источна Турција, при што беа затрупани најмалку 10 лица, јавува АФП.
Несреќата се случила во фреквентна улица во градот Малатија.
Официјалните лица објавија контрадикторни извештаи за тоа колку луѓе имало во различни ресторани и продавници кога зградата се урнала во 16:50 часот.
Локалниот градоначалник Осман Гудер за телевизијата ХаберТурк изјави дека се верува дека внатре се заробени меѓу 20 и 25 луѓе, но подоцна истата телевизија објави дека 10 лица се водат за исчезнати.
Според медиумите, две лица кои се спасени се здобиле со тешки телесни повреди.
#news
Building collapses in #Turkey – dozens trappedA two-story building collapsed in eastern Turkey's Malatya on Tuesday. Search and rescue efforts are ongoing to pull some 20 people believed to be trapped under the rubble. pic.twitter.com/dx4CgDVuSq
— RawNews1st🎥📰 (@Raw_News1st) November 9, 2021
Турската служба за итни случаи АФАД соопшти дека 13 лица биле итно пренесени во болница додека спасувачите барале преживеани под урнатините.
Сведоците, но и медиумите наведуваат дека зградата се урнела при планираната поправка, што резултирало со оштетување на еден од потпорните столбови.