Морето во Хрватска ја промени бојата и стана зеленикаво-кафеаво, а ова е снимено од сателит на НАСА.
Патниците на траектите се изненадени од оваа појава, која веќе неколку дена трае на целото подрачје – од Плоче до Макарска ривиера.
– Сите забележавме дека морето е поинаква по боја од вообичаено, и тоа на огромна површина – изјавил еден од патниците за порталот Далмација Данас.
Порталот пишува дека причините за тоа се пороите кои изминатите денови се појавија на реката Неретва поради обилните врнежи од дожд.
Неретва ја промени бојата, обоена вода се излеа во морето, а струите ја носеа сè до Макарска.
Заматувањето на морето ќе продолжи уште некое време, информираат од Далмација Данас.
Овој феномен е снимен од сателит на НАСА.