Македонија

Кичеец доби шест месеци затвор за сообраќајката со еден загинат, а барал условна

Зоран Милески-Кичеец се спогодил со Обвинителството за сообраќајката која ја предизвика во близина на Стража, во која загина 34-годишен гостиварец, и за случајот ќе одлежи шест месеци затвор, објави А1он.

Спогодбата која Милески ја склучил со Обвинителството била прифатена од надлежниот суд. Од Обвинителството за „А1он“ велат дека е констатирано дека тој претекнувал возила на полна лента, за што признал вина и изразил жалење за кривичното дело. Токму ова е олеснителната околност поради која е склучена спогодбата.

„Од резултатите на извршените вештачења произлезе дека осомничениот во критичниот момент немал траги од алкохол или опијати во крв и урина и не ја пречекорил дозволената брзина на патот. Имајќи ги предвид сите утврдени околности, надлежниот јавен обвинител констатираше дека осомничениот го сторил делото од небрежност и дека во конкретниот случај се исполнети елементите на кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, велат од Обвинителството за „А1он“.

На почеток