Спорт

ГОРИ НА ТРИБНИТЕ: Македонија во водство, по голот на Елмаз

Македонија води со 2 спрема 1 и се врати во предност на мечот со Исланд. Ова значи дека нашата земја се врати во игра за бараж. Голот го даде Елиф Елмаз, по обидот на Џани Алиоски да даде гол, но неуспешно. Голот дојде во 65 минута. На трибините гореше кога Македонија го даде втирот гол на мечот.

Претходно, Исланд го даде првиот гол во 54 минута. Резултатот по првото полувреме е 1:1. Торстеинсон го даде првиот гол за ИсландДавиде Маса го призна голот откако имаше консултација во вар собата.

Џани Алиоски уште во седмата минута ни донесе водство со прекрасен гол, а иницијативата донесе уште еден гол во 40. минута, кога Алиоски шутираше, а топката од исландскиот голман се одби кај Чурлинов, кој ја смести топката во голот. И покрај ВАР проверката, беше досуден офсајд.

На почеток