Македонија со три гола го победи Исланд, два ги даде Елмаз, еден Алиоски
Елиф Елмаз во 87 минута го даде третиот гол за Македонија и со тоа, водиме 3:1 во дуелот со Исланд. Тоа значи дека одиме на т.н. „плејоф“ за следниот мундијал. Ова е втор гол на дуелот на Елмаз, вкупно деветти во дресот на македонската репрезентација. Претходно, тој гол даде во 65 минута. За време на вториот гол, Исланд беше со гол помалку. На трибините се слави победата, од моментот кога Елмаз го даде третиот гол. Победата на Македонија значи чекор до пласман на Светско првенство во Катар. Никогаш не сме биле во ваква ситуација, да играме мечеви за пласман.
Исланд го даде првиот и последен гол во 54 минута. Резултатот по првото полувреме е 1:1. Торстеинсон го даде првиот гол за Исланд. Давиде Маса го призна голот откако имаше консултација во вар собата.
Џани Алиоски уште во седмата минута ни донесе водство со прекрасен гол, а иницијативата донесе уште еден гол во 40. минута, кога Алиоски шутираше, а топката од исландскиот голман се одби кај Чурлинов, кој ја смести топката во голот. И покрај ВАР проверката, беше досуден офсајд.