Македонија

Александар Николоски соопшти дека нема да гласа

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Александар Николоски нема да гласа на референдумот.

„Од прогласувањето на независноста на Република Македонија сметам дека денес е најбитен ден за опстојот на Македонија. За мене е лично понижување, газење на моето достоинство да гласам дали да се прекрсти Македонија или не. Нема цена што може да е компензација за преименување на мојата татковина. Кршење на основно човеково право е друг да ти каже кој си и што си. Дополнително целата атмосфера пред референдумот како и манипулациите на власта се незапаметени до сега. Народот е јасен. Не сака да се прекрсти. Не сакам и јас! Затоа решив денес да не гласам. Не можам да гласам за името на мојата татковина. Таа има име, било и ќе биде Република Македонија,“ стои во пишаната изјава на Алесандар Николоски испратена до медиумите.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток