Македонија

Рангелова: Гласав на референдумот

Пратеничката Даниела Рангелова од редовите на опозициската “ВМРО-ДПМНЕ”,  за Скопје1 потврди дека излегла на референдумот. Таа вели дека гласала против договорот со Грција. За неа успешен референдум е оној кој ќе има исполнет цензус.

На прашањето дали ќе биде исполнет цензусот, Рангелова одговори дека не може да предвиди и тоа ќе го видиме кога ќе заврши референдумот.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дниела Рангелова денеска е фотографирана како излегла на гласање за референдумот. По неа фотографиран е и координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев.

Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова е една од осомничените на Специјалното јавно обвинителство поврзана со случајот за насилство врз градоначалникот и Советот на општина Центар, летото 2013 година.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток