Колку е богата штипска ,,Вабо”?
Колку заработува и во каква состојба е штипска ,,Вабо”? Конфекцијата од први јануари ќе премине во рацете на работниците наместо како што традиционално и во најголем дел од македонските бизниси менаџирањето го преземаат децата на сопственикот, пишува порталот Пари.
Конфекцијата работи веќе 25 години, а новините ги најави сопственикот Ване Богдов. Менаџирањето на конфекцијата од јануари ќе го преземат Тања Николова, дипломиран технолог со долгогодишен стаж во фабриката и Дарко Роглев, референт по извоз.
Колку заработуваше штипската конфекција ,,Вабо” низ годините? Еве што покажуваат бројките:
Она што може да се забележи е дека конфекцијата иако бележи намалување кај приходите поради корона кризата цело време работи стабилно и со добивка.
Во 2016-та година оваа конфекција имала приход од 2 милиони евра и добивка 296 илјади евра. Бројот на вработени изнесувал 290.
2017-та приходот изнесувал 1,9 милиони евра, а профитот 453 илјади евра.
Целиот текст можете да го прочитате т у к а