Што ќе донесат новите мерки, дали тоа е присилна вакцинација
Граѓаните имаат право да не се вакцинираат, но ќе треба еднаш неделно да прават тест на сопствен трошок и на тој начин да докажат дека се негативни на ковид-19, рече министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат.
– Не е точно дека ова е присилна вакцинација. Граѓаните имаат апсолутно право да не се вакцинираат, но ќе мораат еднаш неделно да прават ПЦР тест на сопствен трошок и на тој начин да докажат дека се негативни на коронавирусот. На тој начин знаеме дека здравјето на сите околу не е загрозено. Во понеделник е закажан состанок на главниот координативен кризен штаб, каде што првично се разгледуваат предлозите од Министерството за здравство, а кои доаѓаат преку Комисијата за заразни болести. Во вторник ќе се најде предлог-мерката на владината седница – истакна министерот.