Македонија

(ФОТО) Листа на пратеници кои гласаа за Законот за амнестија

Собранието со 95 гласови  „за“ и без ниеден „против“, го донесе Законот за амнестија за настаните во Собранието на 27 април 2017, откако претходно предложениот закон  беше одобрен од Интерпартиската парламентарна група.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села и лидерот на ЛДП, Горан Милески ја напуштија салата кога почна гласањето. За законот за амнестија покрај парламентарното мнозинство, гласаа и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е целосната листа на пратениците кои денес гласаа за Законот за амнестија.

Со Законот за амнестија нема да може да бидат амнестирани: организаторите и подготвувачите на нападот на Собранието за кои има основани сомневања, лицата кои извршиле физичко насилство, лицата под фантомки, лица кои носеле оружје и експлозивни материи ислужбени лица кои ги пречекориле своите овластувања.

Откако Законот ќе стапи во сила, обвинетите имаат рок од 5 дена да поднесат барање за амнестија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток