Македонија

(ВИДЕО) Над 20 од загинатите се од Студеничани, вели Нухиу

Најмалку 20 лица од 46-те загинати во автобусот на „Беса транс“ од Скопје се од општината Студеничани. Неизмерна тага и болка кај сограѓаните.

Екипата на „Слободен печат“ го посети местото и разговараше со секретарот на општина Студеничани Бурханедин Нухиу.

„Според неофицијални информации непотврдени од релевантни извори над 20 и повеќе лица од загинатите се од територијата на општина Студеничани. Жалосно, немаме зборови да ја опишеме оваа трагедија, без разлика што дел од жртвите се од Студеничани, вели Нухиу.

Тој потврди дека меѓу загинатите е учителка од Основното училиште Наим Фрашери заедно со својата малолетна ќерка, а Општината во несреќата го загуби и матичарот, вработен во Управата за водење матични книги при Подрачната единица на Министерството за правда, кој на екскурзија во Истанбул патувал со својата сопруга.

На почеток