Македонија

Автобусот на „Беса Транс“ не е во системот на Министерство за транспорт

Автобусот на „Беса Транс“ во кој во вторникот загинаа 45 луѓе на автопатот во Бугарија, не бил пријавен кај надлежните институции во земјата, дознава Дојче веле. Во Министерството за транспорт и врски се уште е во тек анализата на документацијата на превозникот „Беса Транс“. Досегашните податоци покажуваат дека опожарениот автобус воопшто не бил пријавен од страна на сопственикот и не фигурира во системот на Министерството.

Сѐ уште се проверува дали двајцата возачи кои управувале во автобусот имале сертификат и дали биле пријавени од страна на сопственикот на агенцијата. Постапката ја отежнува фактот што сѐ уште не се познати имињата на сите загинати во трагедијата која се случи во вторникот утрото во близина на Перник, Република Бугарија.

Фирмата „Беса Транс“ имала лиценца за слободен превоз на патници од 2018 година

Целиот текст можете да го прочитате тука

На почеток