Македонија

Организацијата околу враќањето на жртвите ќе биде на трошок на државата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кажа дека државата ќе ги плати трошоците околу враќањето на жртвите.

„Сакам да порачам како човек и член на Владата дека остануваме заедно со семејствата, а институциите се тука за помош и поддршка. Организацијата и трошоците на жртвите во несреќата во државава, ќе бидат на трошок на државата. Тим на МВР од сообраќајната полиција, Одделот за криминалистичко-технички вештачења тргна за Бугарија за да биде помош на бугарските колеги. Во Бугарија пристигнаа и претставници на стручни служби која ја понудија експертската помош. Очекувам брза и сеопфатна реакција на надлежните служби и верувам дека со заедничка соработка, брзо ќе имаме одговор на сите нејаснотии за оваа трагедија. Согласно тој одговор ќе имаме ефикасност во утврдување на одговорноста“, кажа Спасовски.

На почеток