Свет

Радев разговараше со Вархеј: Бугарија е отворена за дијалог, однсоите со Скопје не треба да имаат надворешни влијанија

Бугарија очекува билатералниот дијалог со Република Македонија да доведе до конкретни резултати. Ова го изјави претседателот Румен Радев во телефонскиот разговор со комесарот Оливер Вархеи што се одржа на иницијатива на еврокомесарот за соседство и проширување.

„Бугарија е отворена за дијалог, и постави јасни прашања на својот југозападен сосед и очекува одговори“, нагласи шефот на државата.

Според бугарскиот претседател, агендата на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не треба да биде предмет на надворешни влијанија, туку треба да биде отворено и со посветеност од двете страни, со што би се придвижил процесот на евроинтеграција на Макеоднија.

Румен Радев го истакна почитувањето на правата на граѓаните на Северна Македонија, кои отворено го демонстрираат својот бугарски идентитет, како и одржливото искоренување на говорот на омраза и почитувањето на бугарската историја и културното наследство кај нашиот југозападен сосед.

На почеток