Уапсен Бугарниот кој за 44 починати напиша дека се „македонска скара“
Од
Објавено на
Генералната дирекција за борба против организиран криминал приведе 24-годишник кој на Фејсбук напиша коментари за несреќата на автопатот „Струма“ на автобусот „Беса Транс“.
Тој бил уапсен поради напишани несоодветни коментари со моралните и етичките норми. Може да му се суди според чл. 162 од Кривичниот законик за пропагирање омраза врз основа на националност преку социјални мрежи.
Неофицијално, станува збор за постот што се споделуваше низ социјалните мрежи во Македонија и предизвика згрозување бидејќи во него несреќата беше наречена „нова македонска скара“ на која жртвите биле препечени, но останува надежта дека „настанот ќе се повтори“.