Македонија

Сопственикот на „Беса транс“ знаел дека не смее да превезува патници со изгорениот автобус

„Беса транс“ повеќе не смее да ги управува автобусите. Одземена му е лиценцата од Министерството за транспорт и врски, а сега, сопственикот на компанијата треба да ја врати. Благој Бочварски како министер кажа дека сите документи побарани од Обвинителството се предадени, за непречена истрага.

„Изводот кој бил користен од опожарениот автобус, е број на друго возило со други регистрации, исто така сопственост на ‘Беса транс’. Тоа е злоупотреба. Во друг наврат ја прикажувал лиценцата од фирмата. На тој начин свесно ги прекршувал одредбите на законот. Затоа му е одземена лиценцата“, рече Бочварски.

На почеток