Случајот кој ја потресе јавноста: Велешанката Пале доби уште еден месец притвор
Притворот на Пале и е продолжен за уште 30 дена, нема готови резултати од вештаците – за ,,Фокус” откриваат роднини на велешанката Пале И. (23), чиј случај кон крајот на септември ја вознемири јавноста.
Младата девојка заврши зад решетки, откако 40-годишниот полициски службеник Александар Р. со кого живеела во вонбрачна заедница ја фатил за врат и започнал да ја дави, по што таа го избодела со нож.
Самата повикала Итна помош, а медицинската екипа констатирала смрт кај полицаецот, со прободување со нож во граден кош. Набргу по настанот, роднини на Пале, чиј идентитет е познат на редакцијата на ,,Фокус” јавно раскажаа низ што минала младата девојка.
Тврдеа дека таа не е ладнокрвен убиец, туку убиството се случило во самоодбрана. Појаснуваа дека нејзиниот вонбрачен партнер често пиел алкохол и ја навредувал, ја пцуел, бил посесивен, но и дека се сомневаат како трпела физичко малтретирање.
Сведоштво за велешанката која го уби сопругот, роднините бараат да ја ослободат