Пред неколку дена велешанка беше уапсена под сомнение дека го убила нејзиниот невенчан сопруг. Подоцна, се откри дека 23-годишната девојка била малтретирана и тепана, а тоа го пријавувала и во полиција. За потсетување, во судското досие на полицаецот кој со години живеел во вонбрачна врска со Пале Иловска нема затворски казни, ниту дека извршил семејно насилство или насилство. Но велешкиот полицаец може да се најде во судски списи на повеќе предмети. Во два кривични предмети е осуден, во неколку граѓански парници е гонет од осигурителна компанија поради неисплаќање на отштета, а има добиено и две парници против МВР после што наплатил пари од полицијата како бонус плата и за неисплатени прекувремени часови.
Дел од реакциите на јавноста:
Само во вукојебинава да убиеш во самоодбрана ќе те судат.
Освен ако си џандар со јаки врски. Или бела мечка рецимо.
— Fever ☣🦠😷💀 (@deadwronger) October 2, 2021
Само во Македонија, осудено лице може да биде полицаец. Језиво. https://t.co/LwpdFsaCop
— Тик Так на радио (@tiktaknaradio) September 30, 2021
"Убиениот полицаец имал две условни казни за изнуда и закани по живот и за сообраќајна несреќа во која пијан удрил во 6 малолетници"
– Или народски кажано, злато чоек.
— Бапчо (@TheFitzzz) September 30, 2021
Не е лошо време за еден протест за реформирање на полицијава и закон за самоодбрана и социјални служби и сѐ што е засегнато од случајов со убиениот полицаец
— Righteous dude 9000 (@izrodoT) October 1, 2021
Како може ваков човек да биде полицаец?Како дозволиле неговите колеги да работат со ваков човек?Не разбрал директно надредениот дека вака се урнисува довербата во институцијата?
За ова треба командна одговорност.
До највисоко ниво.
https://t.co/JTZcd3K9yq https://t.co/eVeGA9NOxg— Мирјана Најчевска (@ibogovitelicno) October 1, 2021
Најозбилно во полициските сили им треба психолошка едукација за да се способни да препознаат и бар еднаш да дадат помош кога е потребна. Како жена е не дај боже да ти се случи вакво нешто, пошто како случајов мажот бил полицаец, кој ќе и помогне на таа женичка
— Жар птица (@Mermaiid_ariel) October 1, 2021
Најмалку 40% од семејствата на полицајците биле изложени на семејно насилство. Во професијата полицаец е највисока стапката на вршители на семејно насилство. Така е во САД. Но, културата на колегијална заштита и прикривање не е ексклузива на американската полиција.
— Хермиона (@kvkriss) October 1, 2021
На девојката од Велес што го уби проблематичниот полицаец поддржуван од судија, МВР и институциите ѝ се заканува затворска казна. Изгледа требала да дозволи да ја убие тој, за да не лежи сега во затвор кутрата? Љ дали судијата и некој од МВР ќе одговара за негово несанкционирање?
— Ајс Ти (@IceBucks7) October 2, 2021
Кај државата не ги штити жртвите на семејно насилство, уште после и ги суди за самоодбрана.
— Антагонист (@jabandzija) September 30, 2021
Не е забранета, само треба да постои сразмерност во нападот и одбраната. Самоодбрана при убиство практично е скоро невозможно да докажиш.
— Џеси Пинкман (@maxdestructionn) September 30, 2021
Иначе коментарот на татко ми за случајот со убиениот полицаец во самоодбрана беше „абе ајде, нема друга работа, го прободила“ ко шо има она да се брани.
— adhd certified ❎ (@katiestrummer) September 30, 2021
за убиство во самоодбрана, ако се докаже нужна одбрана – или ти или тој – не треба да се одговара
— Poison Ivy 🌿 (@Hedera_Genus) September 30, 2021
Закон за самоодбрана кога? https://t.co/UZ7WmqqWWu
— Бубашвабата во ќошот (@bocesharba5) September 30, 2021
Не е лошо време за еден протест за реформирање на полицијава и закон за самоодбрана и социјални служби и сѐ што е засегнато од случајов со убиениот полицаец
— Righteous dude 9000 (@izrodoT) October 1, 2021
Не смее да се дозволи да се суди човек за убиство од самоодбрана. Од Мојсеј навака тоа е легитимно право на секој човек – опстанок на својот живот!
— Антагонист (@jabandzija) September 30, 2021