Коментари

Јоци до Наумоски: Изгради си кафана, пошто ќе бидеш забетониран од вмровци кои више слават во Ѓорче

Актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров и кандидат за нов мандат, Александар Наумоски, вчера со министерот Венко Филипче вети изградба на нов Клинички центар. На ова се огласи новинарката и критичар, Јорданка Ивановска-Јоци. Таа му порача на Наумоски дека на 17 октомври ќе биде поразен, а ќе слави ВМРО-ДПМНЕ.

„Саше, кметот на Ѓорче, ќе градел со Венко нов Клинички центар⁉️ Така рекол вечерва. Не заебаај, Саше! А, баш се прашувавме шо следно ќе градите откако Македонија слета на Уран со спејс шатлот на СДСМ викан ,,#живот” Негооо….прво една кафана изградете со Венка Ражњатович Веци, за да натопите солзи на 17-ти, пошто ќе бидеш забетониран од вмровци кои више слават во Ѓорче. И за оние кои не се во тек. Саше го знам од средно, одевме во глумачки групи, му местев женски…а, во 2010 ме навреди и оттогаш не сакам да го видам. Сеа на 17-ти ќе го торпедирам кај жена му…да јаде посни сармички и поише да седи дома“, пишува Јоци.

На почеток