Нема место за паника од новиот сој, треба да се смени само генетскиот материјал на вакцината, вели Трајковски
Нема место за паника, новиот сој Омикрон се разликува само во шилецот (спајк протеинот во обвивката на вирусот), поради што не го неутрализираат задоволително ПОСТОЕЧКИТЕ вакцини, Но тоа не значи дека новите вакцини, со нивните антитела, нема да го неутрализираат. Во компанијата Модерна веќе работаат на бустер вакцина за најновиот сој, бидејќи процениле дека дошол моментот кога треба да се модифицира постечката вакцина, уверува професорот Дејан Трајковски од Техничкиот Факултет во Битола.
-Се што треба да направат е да го сменат генетскиот материјал на вакцината, за да можат новите антитела да се закачуваат за шилците од вирусот од сојот Омикрон и така да го неутрализираат. Сега не е март 2020 година и не треба да се чека цела година, до решението сме далеку сé на сé 2-3 месеци. Една вакцина повеќе не значи за нас многу, бидејќи секако поседуваме мемориски имунитет и способност за создавање антитела за десетици, можеби и стотици најразлични видови вируси, пишува проф. Трајковски во објавата на ФБ.