Богоевски распали по сопственикот на „Беса транс“: Подобро да останеше во дупката
Не дечко, не е ова тест на Алах, ова беше тест на нашите инспекциски, управни, царински и гранични служби, вели денеска Павле Богоевски поранешниот пратеник, откако со фејсбук статус се јави Беким Хаџиу, сопственикот на превозникот Беса Ттанс. Хаџиу рече дека несреќата била божја волја и дека со патниците биле како семејство.
„Пет дена по трагедијата, газдата на БЕСА Транс, Беким Хаџиу конечно излезе од дупка и преку фб изрази сочуство на семејствата на загинатите, а несреќата ја опиша како “тест на Алах”. Не, дечко. Ова беше тест на нашите инспекциски, управни, царински и гранични служби. Сите тие паднаа на тестот, давајќи ти на тебе и сличните криминалци да печалите пари на сметка на безбедноста на патниците кои се дрзнуваш да ги наречеш “семејство”. Подобро да останеше во дупката. Срамота., напиша Богоевски.