Коментари

Хоџа по средбата со Џафери: Кои се луѓето кои ме следат

На социјалните мрежи се појави фотографија од министерот од Движењето Беса, Аријанит Хоџа и поранешниот висок функционер на ДУИ, Муса Џафери.

Хоџа nсе огласи на социјалните мрежи и призна дека фотографијата е вистинска.

– Гледам дека почнаа да се шири фотографија од моене со Муса Џафери, средба која се случила на јавно место без да се кријам од никого и без да имам никаков товар во моето политичко делување. Како активна личност во политиката имам стотици средби со луѓе кои сакаат да разговараат за актуелните политички прашања. Прашањето што се поставува е: кои се луѓето кои го следат секој мој потег и дали ова е мониторинг со институционални инструкции и како безбедносните органи го оправдуваат нарушувањето на приватноста на едно министерство во оставка на актуелната Влада. Ако нечиј стол на власт и попречува растот на Движењето БЕСА, тоа е проблем на оние кои ја имаат оваа грижа, а не наш, вели Хоџа.

На почеток