Актуелно

Конгресот во СДСМ е фарса, а Ковачевски човек на олигархијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Конгресот во СДСМ е фарса се знае дека пиунот на Заев, Ковачевски, е човекот на олигархијата која ќе го наследи Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Димитар Ковачевски е син на Слободан Ковачевски, градоначалник на Куманово во времето на транзицијата.

Таткото на Ковачевски бил и амбасадор на Македонија во Црна Гора исто така поставен од СДСМ.

Ковачевски е човек на олигархијата, на едно мрачно време кое остави стотици илјади на улица и без пари.

Ковачевски не е нов лик, тој е стар производ спакуван во ново пакување.

Ковачевски ги повторува истите тези кои Заев ги кажуваше кога доаѓаше, а потоа видовме криминал од невидени размери, системска корупција и рекет.

И со Ковачевски ништо нема да се смени, тој ќе има за задача да го штити Заевизмот, и фирмите на Вице и Трајче“, се вели во соопштението.

To Top