Видео и Фото

(Видео) Премиерот Заев го оствари своето гласачко право на референдумот

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, утрово во Струмица го оствари своето избирачко право.

„Денеска е убав ден, нов празник за Република Македонија. Денеска граѓаните излегуваат и одлучуваат за иднината на нашата земја. Денеска со одлуката граѓаните прават исто како во минатото, во сите пресудни моменти за Република Македонија носејќи сериозни, важни одлуки, со што го трасираат патот на нашата земја за иднината на наредните генерации кои што доаѓаат после нас“, рече Заев

„Денеска навистина е вистински празник. Јас, денеска очекувам, преку масовноста во гласањето, со големиот одзив уште еднаш да се потврди и мултиетничкото единство на нашите граѓани и севкупното политичко единство на граѓаните надвор од било која политичка партија или политички определби. Очекувам Собранието да ја следи мнозинската одлука на граѓаните, која што денеска ќе биде јасен правец во која насока треба да се движи нашата земја. Секако очекувам после овие одлуки, Македонија конечно да ги постигне своите стратешки цели, да биде членка на најмоќниот воен сојуз во светот – НАТО, и да биде членка на најсилната економска унија во светот Европската Унија. Нека ни е со среќа почитувани граѓани на Република Македонија, нека е со среќа на нашата земја“, додаде премиерот

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток