Актуелно

Бремена жена паднала во шахта

Бремена жена паднала во шахта во близина на Централната пошта во Софија, пишува „БНТњуз.бг“.

Жената имала 38 години. Се шетала со сопругот кога згазнала на капакот, по што тој се поместил и таа паднала на висина од околу 3 метри. Жената е пренесена во болницата „Пирогов“, но се уште нема информации за нејзината состојба.

Полицијата врши увид на лице место. Пристигна и екипа од општина Софија.

To Top