Свет

Америка и се закани на Русија

Соединетите Американски Држави ја повикаа Русија да ги повлече своите војници од украинската граница, предупредувајќи дека руската инвазија ќе предизвика санкции потешки од сите досега воведени, пренесуваат светските агенции.

„Не знаеме дали претседателот Владимир Путин донел одлука да изврши инвазија. Знаеме дека тој поставува капацитети да го стори тоа на краток рок, ако така одлучи“, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, цитиран од агенциите.

Тој додаде дека ако Русија помине низ конфронтација кога станува збор за Украина, тие јасно ставаат до знаење дека ќе одговорат решително, вклучително и преку економските мерки од кои се воздржуваа во минатото.

Блинкен одби да наведе со какви санкции може да се соочи Русија и ги охрабри Москва и Киев да се вратат на дипломатијата и да го оживеат мировниот план за источна Украина од 2014 година.

Американскиот државен секретар во Рига, по консултации со министрите за надворешни работи на НАТО и Украина, зборуваше за руската акумулација на повеќе од 90.000 војници во близина на границата, се додава во новинарските извештаи.

На почеток