Идентификувани се сите жртви од автобуската трагедија во Бугарија
Од
Објавено на
Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот со македонска регистрација што се запали на автопатот „Струма“.
Нивната идентификација е направена со ДНК профили.
Вчера со указ на надзорниот обвинител, било дадено одобрение посмртните останки на жртвите да предадени на претставници на Владата на Република Северна Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини, рече Борислав Сарафов. Бугарската влада ќе помогне во транспортот со обезбедување на воен авион.