Македонија

Странски тајни служби предупредуваат за терористички акции – МВР е на готовс

Се борел во Сирија и знае да користи оружје. Државјанин е на Косово а оперира и во Македонија. Тајните служби му се зад петици и ги знаат возилата кои ги користи, пишува Телма. Информацијата за потенцијалниот терорист стасала од странска служба, а МВР е на готовс. Истрагата е во тајност, а неофицијално активностите на македонските истражители следат откако и Косовските медиуми пред три дена објавија дека САД испратиле известување за можен терористички напад на Косово, два дена откако беше стрелано кон автобус со средношколци, во Глоѓане.

Заедничко од истрагите на македонските истражители, странските служби и амбасади е дека можни напади во регионот на Балканот, вклучително и Косово се туристичките места, сообраќајните центри, пазарите, трговските центри, структурите на локалната власт, хотелите, клубовите, рестораните, местата за богослужба, парковите, големи спортски и културни настани, образовни институции, аеродроми и други јавни површини.

На почеток