Македонија

Докторите ги враќаат парите за вакцинирани пацинети: Депласирани и понижени се докторите, доверени до црвена линија на толеранција!

Доктори се приклучуваат кон иницјативата на специјалистот по семејна медицина, Марија Михајлова и се откажуваат од парите кои им се доделија за да ги убедуваат пациентите да се вакцинираат против коронавирусот. Меѓу останатите, кон истата се приклучија докторот Ненад Лазаров и Билјана Петковска Огњанова.

„Непристоен предлог кој денес се преточи во владина мерка не заслужува да се коментира туку игнорира. Депласирани и понижени се матичните доктори, доведени се до црвената линија на толеранција, а во целата пандемија се се третирани од министерот Венко Филипче како доктори „надвор од системо“. Но секојпат кога е во густо му текнува дека постојат натичните доктори зад кои ќе се скрие, ке се наметне уште некој товар на нивните плеќи. Министре Венко Филипче, ироничната насмевка кога не споменувате покажува колку не почитувате не само како даватели на услуги, туку и како колеги, но зборува многи за вас како личност. Повелете само еден час посетете една матична ординација и засукајте ги ракавите, сработете нешто полезно за пациентите, па ние ќе ве наградиме со искрена насмевка, а вашите 30 денари ќе ги намениме за добробит на пациентите, наместо тоа да го сторевте вие во овие две години од пандемијата“, напиша доктор Петковска Огњанова и се приклучи кон иницијативата на нејзината колешка Михајлова.

Докторот Ненад Лазаров, без коментар, само го сподели апелот од иницијативата која ја поддржа и се приклучи.

Инаку, ова доаѓа откако министерот Венко Филипче предложи, а Владата усови мерка со која на матичните доктори им се исплаќаат 30 денари од вакциниран пациент доколку имаат 70 отсто вакцинирани.

Докторката Марија Маихајлова напиша дека тие немаат потреба од стимулација, туку вреднување на трудот.

Доктор Михајлова се откажа од парите за вакцинирани пациенти: Не ни треба стимулација, туку вреднување на трудот!

На почеток