Коментари

Доктор Михајлова се откажа од парите за вакцинирани пациенти: Не ни треба стимулација, туку вреднување на трудот!

Специјалистот по семејна медицина, Марија Мијхајлова, која е матичен доктор од Скопје, се откажа од парите кои требаше да ги добие за вакцинираните пациенти. Таа посочи дека 30 денари за стимулација се погазување на достоинството и девалвирање на трудот. Таа посочи дека парите сака да се префрлат на сметката од Фондот за здравство, за лекување на сограѓани кои имаат потрба.

Нејзиното излагање во целост:

„Наместо поддршка, најавените 30 денари по пациент за докторите се понижување и девалвирање на трудот. Како тим, немаме намера да ги принудуваме пациентите на вакцинација, а не ни требаат пари за да посочиме дека имунизацијата е важна и неопходна за секој кој сака да се заштити од коронавирусот. Патем, тоа сме го правеле и досега, бидејќи е наша одговорност. И затоа, бараме средствата наменети за ПЗУ СЕМЕД Д-р Марија Михајлова да бидат трансферирани во Фондот за здравствено осигурување, на сметката наменета за помош при лекувања во странство на наши сограѓани. За тоа, бараме да ни се достави доказ, дека завршиле на вистинско место.

Со оваа мерка, се погази достоинството на докторите. Со денови слушаме од пациенти кои велат: „Ајде докторке ние сме вакцинирани ќе земете 30 денари“. Можеби некој од нив и на шега, но е голем удар за нас како медицинари. Никој не нѐ праша дали се сложуваме со ваква мерка, а ако нѐ прашал одговорот ќе бил – не. Затоа што не ни треба стимулација за да си ја работиме работата, туку вреднување на нашиот труд. Ако веќе некој помислил на нас и кажува дека матичните доктори го носат најголемиот товар, да потсетиме дека пет години поминаа откако беше најавено дека капитациониот бод ќе биде високо вреднуван, заедно со услугите кои ги даваме. Ова не се оствари, а ние уште чекаме. И во пандемијата имавме тешкотии, а не добивме ниту една маска или ракавица кога цените нагло пораснаа, а на пазарот беа речиси недостапни за купување.

Ги повикуваме и останатите колеги да размислат и да ги донираат средствата во Фондот за здравствено осигурување. Нас нема ништо да ни сменат, но ние можеме да смениме нечиј живот. Бидејќи нашиот труд, професионалност и одговорност не треба никој да ја стимулира, туку да ја вреднува“, напиша Мијалова.

Докторите ги враќаат парите за вакцинирани пацинети: Депласирани и понижени се докторите, доверени до црвена линија на толеранција!

Четири месеци не ги добиле редовните примња, Лазаров: Срамота е да зборувате за стимулација

На почеток