7 автобуси превезувале патници со недостатоци, констатирала полицијата
Од
Објавено на
На 01.12.2021 на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли на автобуси и други моторни возила што вршат јавен превоз на патници. Притоа, од 51 контролиран автобус, 47 се упатени на технички преглед (Охрид-12, Струга-11, Кичево-19, Дебар-05).
Кај 7 автобуси констатирани се неисправни уреди за запирање (Охрид-03, Струга-03, Кичево-01), а кај 5 автобуси регистрирани се недостатоци од друга соодветна опрема (Кичево-02, Дебар-03), поради што се исклучени од сообраќај, а возачите се соодветно санкционирани.