Македонија

Кривична против скопјанка оти крадела во Влае

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишен скопјанка поради основи на сомнение дека извршила кривично дело „тешка кражба“ со што се стекнала со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.

Според информациите од МВР, на 15-ти август минатата година во куќа на улица „Франц Прешерн“ во Скопје, пријавената насилно со употреба на подесен алат делувала на влезната врата, влегла внатре и одзела разновиден златен и сребрен накит и мобилен телефон.

По преземени мерки и активности констатирано е дека таа е сторител на кривично дело и на 13-ти овој месец е приведена.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток