Македонија

Амди Бајрам откри зошто не гласал за Законот за амнестија

Пратеникот, Амди Бајрам, вели дека не бил присутен на вчерашната собраниска седница на која беше изгласан Закон за амнестија за дел од обвинетите од „27 април“. Бајрам е регистриран во списокот како пратеник кој не гласал, а не како пратеник кој не е присутен, па сепак тој вели дека во тоа време бил на Клиника каде примал инфузија.

-Не бев во Собранието после паузата. Морав да одам во болница да примам инфузија, поради оперативниот зафат кој го имав на ногата. Секој ден одам да примам инфузија по три саати. Инаку го поддржувам законот, поддржувам амнестија и ќе гласав да бев таму – вели Бајрам за „Фокус“.

Заедно со Бајрам уште 16 други пратеници не гласале за амнестијата, додека осуммина воопшто не биле присутни вчера во Собранието. Законот беше донесен со 95 гласа „за“ и ниту еден против.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток